Наслов на проектот |
Меѓуграничен Центар за млади претприемачи |
Водечки партнер |
Центар за развој на третиот североисточен плански регион, Македонија |
(име и држава) |
Проектни партнери |
Здружение "Регионален центар за европска интеграција" – Ќустендил, Бугарија |
(име и држава) |
Приоритетна оска |
конкурентност |
Специфична цел |
3.1 Подобрување на конкурентноста на регионалните бизниси |
Времетраење |
15 |
(во месеци) |
Вкупен буџет (во евра) |
116.726,70 |
Дејности по проектот |
Управување со проектот
Во рамките на активноста ќе се имплементираат активности кои се неопходни за навремена реализација на проектот, како што се координација, подготовка на проектна документација, мониторинг, комуникација со учесниците во проектот и други активности поврзани со управување со проектот.
2. Селекција на учесниците
Ќе се изврши избор на 40 учесници на предвиденитеоснова обуки и други настани во проектот. Селекцијата ќе се изврши врз основа на дефинирани критериуми и добиените одговори во прашалниците.
3. Заеднички прекуграничен центар за млади претприемачи
Ќе се основа прекуграничен центар за млади претприемачи кој ќе има две канцеларии. Едната канцеларија ќе биде во Куманово, а другата канцеларија ќе биде во Кустендил. Канцелариите ќе бидат опремени со ИТ опрема и друга канцелариска опрема. Центарот за млади претприемачи ќе креира пријатна средина за учење на младите лица со цел стекнување на вештини за бизнис за да може овие лица да основаат свој сопствен бизнис или да го развиваат постојниот бизнис.
4. Бизнис тренинзи
Со цел обезбедување на пристап до знаење во бизнисот и претприемништвото на директните корисници на проектот, невработените и лицата со посебни потреби, ќе се организираат 5 модули на бизнис обуки. Модулите за обука ќе обезбедат стекнување на знаење за развој на нови бизниси и разбирање на деловното опкружување.
5. Бизнис Камп
Ќе бидат организирани два бизнис кампa, во траење од по три дена и тоа еден во во Бугарија и еден во Македонија. Младите претприемачи ќе формираат 4 прекугранична тимови. На првиот камп ќе се стави акцент на можностите за основање на бизнис од двете страни на границата. На вториот камп, тимовите ќе учествуваат во разни практични вежби и игри. Акцентот ќе биде ставен на практичните задачи поврзани со започнување и водење на бизнис.
6. Вмрежување и менторство на младите претприемачи тимови
За понатамошен развој на идентификуваните бизнис идеи презентирани на првиот работен камп, мрежа од четири мешани тимови (со корисници од двете страни) секој со еден ментор ќе биде креирана. Секој ментор ќе работи со еден тим на развивање на претприемачки идеи и формулирање на реални бизнис планови.
7. Web Портал
Ќе се креира проектен веб портал. Преку порталот пошироката јавност од прекуграничниот регион ќе биде информирана за имплементацијата на проектот и активностите за воспоставување на Прекуграничен центар за млади претприемачи. Веб-страницата ќе се користи од страна на воспоставените тимови за промовирање на идентификуваните и развиени бизнис идеи и за воспоставување на контакти со потенцијалните инвеститори.
8. Прес-конференции
Ќе се одржат вкупно четири прес конференции. На почетокот на проектот, промотивна прес конференција ќе се одржи во Куманово, со тема "Презентација на проектот за прекугранична центарот за млади претприемачи". Втората прес-конференција ќе се одржи во Ќустендил со темата "Зошто бизнис обука?". На крајот на проектот ќе се одржат две завршни прес-конференции(Куманово и Ќустендил), на тема "Можности за младите претприемачи во пограничниот регион на Бугарија и Македонија" и "Промоција на постигнатите резултати на проектот". |
(Ве молиме опишете ги на кратко основните дејности кои ќе бидат извршени во рамки на проектот – што, каде и како за секоја основна дејност) |
Резултати од проектот |
Центар за млади претпиемачи (две канцеларии - Куманово и Кустендил)
Обучени млади претприемачи од меѓуграничниот регион за основање на сопствен бизнис и развој на бизнис идеа(40)
Креирана мрежа на млади претприемачи, вработени и сопственици на мали и средни претпријатија и потенцијални инвеститори (1) со што ќе се подобри и соработката во бизнис секторот во меѓуграничниот регион |
(Ве молиме опишете ги резултатите/бенефитите кои ке бидат постигнати преку проектот) |
Целни групи |
Млади луѓе без работа, луѓе во социјален ризик и луѓе со посебни потреби, млади претприемачи кои се заинтересирани за основање на сопствен бизнис или развој на постојниот бизнис (40)
Фамилиите (членови) на младите невработени лица (160)
Малите и средни претпријатија во меѓуграничниот регион (40)
Општините во Североисточниот регион и Ќустендилската област (15) |
(Ве молиме опишете ги основните целни групи кои ќе имаат корист од резултатите од проектот) |